Полицискиот час продолжува од 16 до 5 часот – за празничниот викенд можеби построги мерки за движење

0
113

По 61-часовен полициски час во целата држава викендов и ограничено движење освен за категориите граѓани со право на дозвола, утрово повторно има раздвиженост на луѓе и сообраќај по улиците. Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во изминатата седмица – од 16 часот попладне до 5 наутро.

За претстојниот Велигден се размислува движењето во празничниот викенд да биде ограничено дополнително со уште еден ден, најверојатно понеделникот, односно забраната да важи од петок попладне до вторник наутро. Тоа вчера го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека овој предлог ќе се разгледува денеска на седница на Владата.