Поради каменоломите Лабуништа ќе ги бојкотира изборите

0
97

Работата на каменоломите, детонациите од минирањето и дишење на чадот и понатаму ќе бидат секојдневние за околу 9.000 жители на струшко Лабуништа. И покрај уверувањата на Владата дека дозволите за работа на актуелните концесионери ќе им бидат одземени, тоа не се случи.

Од Министерството за економија се правдаат дека не можат да сторат ништо сè додека не се донеселе измени во Законот за минерални суровини.

„Откако ќе се создадат услови да се донесат овие измени на законот, Министерството за економија ќе има законска можност да постапува по претставките на жителите на село Лабуништа и соодветно да достави до Владата предлог-одлуки за едностран раскин на договорите за концесија“, наведуваат од министерството за економија.

А, жителите обвинуваат дека речиси сите каменоломи работат со засилено темпо користејќи ја вонредната состојба и забраната народот да не смее да се собира на протести. Големата смртност на локалното население од коронавирусот, жителите ја поврзуваат токму со густата прашина од дробењето камења која секојдневно ја дишат со години. Речиси 20% од жртвите од коронавирусот во Македонија се од Лабуништа, велат од Советот за спас на селото.

„Ако до пред дваесеттина години во Лабуништа беше многу ретко да се најде заболен од астматични заболувања или од некои проблеми поврзани со дишни патишта, тоа сега е секојдневие и се случува со штотуку родени деца…“, вели Недим Мемедоски-Совет за спас на Лабуништа.

Уште пред изборите кои требаше да се одржат во април во Лабуништа беше донесена одлука за нивен бојкот што ја поддржаа речиси сите партии и локални невладини организации.

Извор АлсатМ