Почина маж во Градската болница- од Завод за рехабилитација бил донесен во лоша здаствена состојба

0
98

Маж почина во Градската болница, откако претходно бил донесен во лоша здравствена состојба од заводот за рехабилитација.

Вчера во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ од Завод за рехабилитација бил донесен З.С.(46) од Скопје, во лоша здравствена состојба, кој по направена реанимација, починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.