Почина 23 годишен притвореник во затворот во Шутка

0
175

Почина 23 годишен притвореник од Гостивар во затворот во Шутка.

Ова за Телма го потврди директорт на затворот, Есад Рахиќ, кој вели дека претпладнето момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот.

Кога се вратил во ќелијата, неговиот цимер имал посета од затворските стражари кои разговарале и со момчето и немало ништо сомнително ниту пак тој се пожалил на здравствени проблеми.

Во 16 часот биле повторно повикани откако притвореникот не можел да се разбуди од спиење.

Рахиќ ги демантира дел од објавите во некои медиуми, кои го поврзуваат со случајот од пред една недела кога исто така почина притвореник а подоцна се утврди дека бил позитивен на корона вирус.

Вели дека телото е предадено на обдукција и очекува таа да ги открие причините  за смртта.