Почина 4- годишно дете прегазено во Струмица- возачот изгубил контрола и удрил во четири деца

0
102

Вчера околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во село Банско, струмичко, М.Н.(25) од село Банско, управувајќи патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на 4, 9, 14 и 17 години, сите од село Банско, а потоа во електричен столб.

По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак.