По Велигденскиот се навестува и првомајски карантин

0
69

Македонската влада утре треба да донесе одлука дали и престојниот продолжен викенд ќе има забрана за движење слична на онаа за велигденските празници.

Според предлогот на Комисијата за заразни болести забраната треба да важи од четврток навечер од понеделникот наутро. Како што соопшти денеска македонскиот министер за здравство Венко Филипче на видео-конференцијата за новинари конечната одлука за предлогот треба да ја донесе владата на утрешната седница.

Во земјата, инаку, во моментов важи забрана за излегување од 19:00 навечер до пет часот изутрина. Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 13 новозаразени од коронавирусот и четири починати од последиците на болеста Ковид-19. 53 лица, пак, оздравеле.