По два месеца во карантин – животот во Вухан почнува да се враќа во нормала

0
92

По повеќе од два месеца целосна блокада, кинескиот град Вухан, кој беше прво главно жариште на коронавирусот, денеска повторно е отворен.

Кинеските власти ги отворија патишта што излегуваат од градот и дозволија влез и излез од градот.

Вухан, кој има повеќе од 11 милиони жители, беше „запечатен“ на 23 јануари – потег со кој кинеските власти најавија агресивни мерки за справување со ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Вухан биле заразени повеќе од 50 000 луѓе, а повеќе од 2 500 починаа – што е околу 80 отсто од вкупниот број на смртни случаи во Кина.