ПО ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНИТЕ КОИ ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА

0
76

Штипските насилници што тепаа и навредуваа девојка ќе одат во затвор на две години и шест месеци. Правосилноста на пресудата ќе ја чекаат во притвор. Тие на претходното рочиште во Основниот суд во Штип, се покајаа за стореното, а во признанието тврдеа дека недоразбирање довело до насилството.

Тие и нивниот бранител денес не присуствуваа на објавата на пресудата, но во телефонски разговор, нивниот адвокат изјави дека казната е висока.

„Прво да ја добијам пресудата и да се консултирам со моите клиенти. Од нив ќе зависи дали ќе поднесеме жалба пред Апелација“, вели Валентин Зафиров, адвокат на осудените момчиња.