Прво немал документ за идентификација ниту дозвола, потоа агресивно се однесувал кон полицајците

0
90

На 08.04.2020 во 18.40 часот во с.Ново Село, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Ј.К.(48) од с.Волково, скопско, поради тоа што немал со себе документ за идентификација ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.