Прилеп: Поставиле маса и пиеле среде пат, откако ги замолиле да се тргнат извадиле нож

0
74

Две лица поставиле маса и пиеле алкохол среде патот од село Тројкрсти кон Прилеп. Кога 39-годишниот З.И. од Прилеп и неговиот 66-годишен татко ги замолиле да се тргнат, за да можат да поминат, двете лица физички ги нападнале и извадиле нож.

Инцидентот се случил вчера околу 21 часот.

-З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило “фолксваген голф“при што на самиот пат имало поставено маса на која што седеле две лица кои конзумирале алкохол. Притоа З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото, велат од полицијата.

Откако таткото му рекол на синот да повика полиција, двете лица физички ги нападнале.

-На В.И му нанале видливи повреди во пределот на главата. Едното лице му го зел телефонот на З.И. а другото лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега.Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело времезамавнувале со ножот со цел да го повредат.По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот гопријавиле во полиција, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.