Пристигна помошта од Кина за справување со Ковид-19

0
79

Пристигна помошта од Кина за Македонија за справување со Ковид-19. Вечерва на скопскиот аеродром слета авионот од Истанбул кој вчера тргна од Шангај. Помошта од Кина се состои од 5016 тестови за Ковид-19, 5000 заштитни одела, 30.000 заштитни медицински маски, од кои 10.000 се Н95 маски и 20.000 се хируршки маски. Во состав на помошта од НР Кина се и 10.000 медицински очила, 20.000 ракавици, како и 10.000 навлаки за заштита на чевлите, потврдија од амбасадата на НР Кина во Македонија за весникот ВЕЧЕР.

Вицепремиерот за евроинтеграции и национален координатор за распределба на странска помош во земјава, Бујар Османи амбасадорот на Кина во Македонија, Џанг Ѕуо, по повод примопредавањето на донацијата со медицинска опрема од НР Кина за

Македонија остварија видео конференција на која испратија пораки и до јавноста.

-На скопскиот аеродром денеска пристигнаа преку пет илјади КОВИД тестови кои ни се исклучително неопходни и чии можности за набавка се ограничени, како и значајна заштитна опрема како што се заштитните скафандери, маски, заштитни капи итн., истакна Османи.

Претходно денеска, Османи истакна дека од моментот кога оваа помош ќе стигне во државата истата веднаш ќе биде распределена кај здравствените установи. Тој изрази огромна благодарност до Народна Република Кина и до амбасадорот Џанг Ѕуо, за огромниот ангажман во обезбедувањето на ова поддршка.