Путин со силна порака за Велигден: Испратени ни се искушенија, мораме да се држиме заедно

0
89

Путин нагласи дека оваа година празникот се одбележува во услови на принудни ограничувања, кои се неопходни за борбата против ширењето на болеста.

Претседателот на Русија, Владимир Путин честиташе Велигден на православните христијани и сите граѓани на Русија и рече дека земјата е во состојба самата да го реши проблемот со епидемијата на коронавирусот.

Искрено честитам на сите православни граѓани воскресение Христово, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин нагласи дека оваа година празникот се одбележува во услови на принудни ограничувања, кои се неопходни за борбата против ширењето на болеста.

Претседателот истакна дека сите нивоа на власта во моменталната ситуација работат организирано и дека ситуацијата е во потполна контрола.

– Целото наше општество е обединето пред заедничката закана, рече Путин.