Разбојник од Прешево украл 55.000 евра од туристичка агенција во Тетово

0
82

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(47) од с.Норча, Прешево, Р.Србија и уште две непознати лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 07.01.2020 пријавениот, заедно со уште две непознати лица, влегле во туристичка агенција во Тетово, а едното од нив со закана со пиштол од вработениот А.З.(29) од Тетово одзело чанта со пари во вредност од околу 55.000 евра и примероци од продадени автобуски карти.