Рамазански пост во време на пандемија – „Постот му помага на имунитетот на човекот“, вели Халими

0
120

Уште пет дена до месецот Рамазан. Но, муслиманските верници нема да можат да одговорат на повикот за првата рамазанска молитва во џамија. Без молитви во џамиите ќе предизвика чувство на духовна празнина кај верниците, вели оџата Бекир Халими. Тој вели дека било потешко со петочната политва или џума, а за првата рамазанска молитва не е толкав проблем, бидејќи тоа може да се прави и дома.

„Обавувањето на молитвите во џамија, како џума и првата молитва за Рамазан, се посебни, особено првата молитва за Рамазан, кога се собираат многу верници во џамија, тоа ќе предизвика духовна празнина за време на постот. Ќе фалат тие собири, учењето од Куранот во џамија за време на вечерата или ручекот и долгите совети од страна на оџите во нашите џамии на ручек, и молитвата, односно оние традиционални собири“, вели Бекир Халими.

Но, колку изолацијата ќе го отежни постот од здравствен аспект? Тој вели, напротив, постот може да помогне за надминување на заразата од коронавирусот.

„Постот е еден од начините што го објаснуваат многу лекари и светски списанија за здравјето, дека му помага на имунитетот на човекот за надминување на инфекции на најдобар можен начин“, додава Халими.

Слично како оџата Бекир Халими, сметаат и од Светската здравствена организација. Велат дека ниту една студија до сега не покажала дека постот може да има некакво влијание.

„Ниту една студија за постењето и опасноста од инфекција со Ковид-19 не е завршена. Здравите луѓе треба да бидат во состојба да постат за време на Рамазан како и минатите години“, велат од СЗО.

Извор Тв21