Речиси 2 милиони луѓе во светот се заразени од коронавирусот , најдраматично во САД

0
88

Во земјата која во моментов е во пикот на епидемијата, има и значителни несогласувања помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и гувернерите на сојузните држави.

Имам апсолутен авторитет. Претседателот на САД има целосен авторитет и тој одлучува за се, ако одлучуваат сојузните држави само по себе ќе имаме проблеми. Потребни сме им на гувернерите на еден или на друг начин затоа што на крајот се се сведува на федерлната влада и на таа тема, се сложуваме одлично со гувернерите.

На врвот на црната листа на европско тло, се уште е Италија со над 20 илјади смртни случаи, а веднаш по неа се Шпанија и Франција. Бројката на ново заболени и починати со забрзано вртоглаво расте и во Шведска, каде само за еден ден има 500 ново заболени, а бројот на починати достигна илјада. Релаксираниот пристап на земјата во однос на ширењето на коронавирусот беше мета на критики и во меѓународните медиуми како и локални жители од главниот град Стокхолм, каде се регистрирани и половина од смртните случаи. 22ца истражувачи јавно ја критикуваа стратегијатаи бараа од политичарите да направат измени. Иако голем број на јавни настани сер откажани, сепак училиштата таму остануваат отворени.