Русија на крајот на јуни почнува со тестирање на вакцината против коронавирус

0
82

На средбата на Путин со директорите на главните руски истражувачки центри, Ринат Максутов, директор на државната лабораторија Вектор, ја најави првата фаза од клиничките испитувања на трите вакцини за 29 јуни на примерок од 180 волонтери.

„Волонтерските групи веќе се формирани. Добивме повеќе од 300 пријави“, рекол Максутов.

Тој додаде дека научниците развиле прототип на вакцини врз основа на шест технолошки платформи во лабораторија во близина на сибирскиот град Новосибирск. Тие во моментов се тестираат на глувци, зајаци и други животни за да се утврди вистинскиот прототип до 30 април.

Тој објасни дека претклиничкото тестирање ќе трае до 22 јуни, а потоа ќе започне и тестирање на луѓе.

Ринат Максутов исто така рече дека првото тестирање со луѓе може да започне уште во мај „доколку биде одобрено од Министерството за здравство“.