Саудиска Арабија ја укина смртната казна за малолетници

0
82

„Според Уредбата, ниту еден малолетник што сторил кривично дело не може да биде осуден на смртна казна. Наместо тоа, тој ќе помине максимум 10 години во малолетнички затвор“, рече претседателот на ХРЦ, Аједад Алавад.

Не е познато кога декретот ќе стапи во сила.

Саудиска Арабија, во која заштитата на човековите права се наоѓа под лупа по убиството во 2018 година на саудискиот новинар Џамал Кашогиги, е една од земјите со најмногу смртни казни по Иран и Кина, се вели во последниот годишен извештај на Амнести Интернешнл.

Кралството егзекутирало 184 луѓе во 2019 година, вклучувајќи најмалку еден малолетник.

„Ова е важен ден за Саудиска Арабија“, рече Алавад. „Уредбата ни помага да воведеме посовремен кривичен закон и ја покажува кралската посветеност на клучните реформи во сите сектори на нашата земја“.

Објавата доаѓа само два дена откако со одлука на Врховниот суд се укина камшикувањето. Овој вид казна ќе се замени со затворска или парична казна.

Смртната казна за малолетни сторители е спротивна на Конвенцијата за правата на детето ратификувана од Саудиска Арабија.

Во април 2019 година, Саудиското Кралство обезглави 37 мажи осудени за тероризам.

Извор Канал5