Се повеќе докази дека и здрави луѓе го пренесуваат коронавирусот

0
89

Германија– Научниците пронаоѓаат се повеќе докази дека коронавирусот се шири од страна на, навидум, здрави луѓе кои не покажуваат симптоми, а владата на САД објави ново упатство со предупредување дека секој кој бил изложен на болеста може да се смета за преносител.

Студија на научници од Сингапур е последната која проценува дека некаде околу 10% од новите инфекции би можеле да се предизвикани од луѓе кои го носат вирусот, но се уште не доживеале грипни симптоми.

Во одговор на таа и други студии, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја смени дефиницијата за ризикот од инфекција. Новите упатства сега се однесуваат на луѓе кои немаат симптоми но биле изложени или во контакт со други луѓе кои го имале или се сомнителни на коронавирусот. Во суштина се вели дека секој може да биде преносител, без разлика дали има симптоми или не.

Зараза од исто столче

Откритијата ги комплицираат напорите да се стави под контрола пандемијата и да се засили важноста на социјалното дистанцирање и другите мерки кои треба да го спречат ширењето, велат научниците.

„Треба да бидете навистина проактивни за намалување на контактите меѓу луѓе кои делуваат целосно здрави“, вели Лорин Ансел Мајерс, истражувач на коронавирусот од Универзитетот во Тексас.

Извор Независен