Се укинува полицискиот час во БиХ

0
105

Босна и Херцеговина го укина полицискиот час, а мерката стапува во сила уште денеска, соопшти Федералниот кризен штаб.Забраната за движење во земјата беше воведена на 21 март и беше од 18-5 часот наутро.

Со новата наредба, донесена денеска од Федералниот штаб за цивилна заштита, лицата над 65 години ќе може да се движат во понеделник, среда и петок од 9-13 часот.Младите под 18 години ќе може да излегуваат во вторник, четврток и во сабота од 14- 20 часот.