СЗО: Ублажувањето на мерките против Ковид-19 не е крај на епидемијата, туку почеток на нова фаза

0
80

Првиот човек на светската здравствен организација, Тедрос Адан Гебрејесус, ги предупреди државите кои сакаат да ги ублажат мерките за заштита од коронавирусот да бидат подготвени на брза реакција во случај да дојде до нагло зголемување на бројот на заболени лица.

Тој на виртуелниот состанок на министрите за здравство од земјите членки на групата Г-20, изјавил дека го охрабрува фактот што некои земји планираат таков чекор, но укажал дека мерките треба да се повлекуваат етапно.

„Укинувањето на мерките во која било земја не значи крај на епидемијата, туку почеток на новата фаза“, изјавил Гебрејесус.