Скопјанец со нож влегол во куќа во Охрид сакајќи да изврши разбојништво, но бил совладан од 64- годишна охриѓанка

0
80

Скопјанец влегол во куќа во Охрид, па под закана со нож сакал да изврши кражба, но бил совладан од 64- годишната жена која го пријавила во полиција и присутните лица на местото на настанот.

„На 23.04.2020 во 13.45 часот на ул.„28 Април“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Љ.С.(30) од Скопје, бидејќи во Полициска станица Охрид М.В.(64) од Охрид пријавила дека околу 13.20 часот, во куќа на ул.„28 Април“, влегол Љ.С. и со закана со нож се обидел да изврши разбојништво, по што бил совладан од пријавителката и присутните лица на местото на настанот.“ соопштува полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.