Словенија повторно ќе подига заштитна ограда на границата со Хрватска

0
205

Словенија повторно ќе почне со подигање на заштитна ограда на границата со Хрватска со цел да ја спречи илегалната миграција, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова во интервју за Демокрација го најави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, според кого „потребно е заштитна ограда да се постави по должина на целата граница”. Тој најави и дека ќе биде поставена дополнителна техничка опрема за надзор на граничната линија.

– Не можеме да знаеме дали повторно ќе има мигрантски бран, но ние треба да биде подготвени да ја заштитиме границата на најдобар можен начин. – изјави Хојс.