Спасовски: Одлуката за отворање на училиштата и градинките по првомајските празници

0
97

Премиерот нагласи дека мерките кои се донесоа денска се комбинирани , има од се помалку, за возрасните да можат да си ги завршат обврските, младите повеќе да можат да се движат и дека се е во рамките на социјална и физичка дистанца, со јакнење на јавната свест.

По првомајските празници ќе се носат одлуки дали и кога ќе се отвораат училиштата и градинките, одговори на прашањето на НОВА премиерот Оливер Спасовски на денешната онлајн конференција.

„Се уште се анализира ситуацијата за отварање на училиштата и градинките и за тоа ќе се разговара после првомајските празници, во согласност со препораките на епидемилозите.Не сум јас тој што носи одлуки во оваа ситуација за такви мерки“, изјави премиерот Спасовски.

НОВА го праша премиерот Спасовски зошто се одлучиле за олабувување на рестриктивните мерки во период кога се доближуваме до врвот на епидемијата, дали одлуките се носат во согласност со препораките на СЗО, ги следиме трендовите во другите земји од ЕУ или е тоа индивидулна одлука на државата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

„Бројките ни покажуваат дека имаме мал број на заразени возразни лица кои се најризична категорија за кои може да кажеме дека се заштитени токму поради досегашните мерки. Во последните три дена има последователно повеќе оздравени од новозаразени граѓани. Нашите мерки и сите одлуки се базирани на струката, на епидемиолозите, на Комисијата за заразни болести и чекор по чекор ќе ги носиме“, изјави Спасовски.

Премиерот нагласи дека мерките се комбинирани , има од се помалку, за возрасните да можат да си ги завршат обврските, младите повеќе да можат да се движат и дека се е во рамките на социјална и физичка дистанца, со јакнење на јавната свест.

Извор Нова