СПЦ бара власта да ја прекине забраната за движење за Велигден од 5 до 10 часот поради литургија

0
132

Белград, 13 април 2020 () – Архиерејскиот синод на Српската православна црква (СПЦ) побара од државниот врв да одобри привремена суспензија на забраната за движење за Велигден, за православните христијани кои не се во самоизолација да можат да учествуваат на литургијата на својот најголем празник, јави дописникот на од Белград. Како што се наведува во соопштението по седницата, Синодот предложи забраната да се укине од пет до десет часот во недела, на 19 април. Синодот исто така изрази братска љубов и солидарност со митрополитот Амфилохије, како и огорченсот поради постапките на црногорските власти кон него.