ССМ: Работодавачите да не ја користат кризната ситуација и да исплаќаат двојно пониска плата за вработените

0
91

Работодавачите да не ја користат кризната ситуација и да исплаќаат двојно пониска плата за вработените, апелираат од Сојузот на Синдикати. Според нивните сознанија дел од газдите, претежно во поголемите фабрики, правеле вештачки прекин во работата, само за да исплатат половина од платата и покрај тоа што вработените работеле прекувремено. ССМ бара што поскоро да се санкционираат работдавачите кои се богатат на грбот на граѓаните.

Работниците работат во 4 смени. Потоа газдите го прекинуваат производството на 2 дена, каде прават вештачки прекин на работата и со тоа им исплаќаат за 50% пониска плата на работниците, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ

Според Димовски, проблемот е во различното толкување на ист закон, но различни членови, каде во еден е наведено дека во услови на виша сила, на работникот може да му се исплати половина од платата. Но во друг член, пишува дека треба да му се исплати 70%.