Тони Ангеловски, МВР: Истечените пасоши и лични карти се валидни за време на вонредната состојба

0
105

Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба. За ова владата донесе уредба со законска сила и таа важи. Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Околу личните карти и другите лични документи, Слободен печат поразговара со Тони Ангеловски, одговорен за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи.

Како функционираат службите за вадење лични документи во МВР сега за време на вонредна

состојба? Кои документи граѓаните може да ги вадат одново на шалтер, а кои им се продолжуваат?

Какво е работното време на шалтерите за лични карти и возачки дозволи?

– И покрај вонредната состојба, службите за вадење на лични документи функционираат

редовно и им стојат на располагање на граѓаните за било кој документ што им е потребен, а е во

надлежност на МВР. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16 часот.

Имаше проблем со обрасците за пасоши. Дали е надминат и дали може да се аплицира за пасош

моментално, каква е процедурата за тоа?

– Проблемите со обрасците за пасоши се надминати и секој граѓанин може да аплицира и

тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страницата на МВР.

Во поглед на личните документи кои граѓаните веќе ги имаат, како возачки, лични карти и

пасоши чија важност е истечена, дали треба да дојдат во МВР да ги обноват или им важат за време на вонредната состојба?

– За сите овие документи за кои прашувате Владата на РСМ донесе уредба со која го

продолжи нивното траење поради вонредната состојба во државата. Значи тие документи се

валидни и граѓаните немаат потреба да вадат нови додека трае вонредната состојба. По завршувањето на вонредната состојба граѓаните на кои им истекла важноста на документот ќеи маат 30 дена рок за да извадат нов документ.

Извор Слободен Печат