Трамп: Нема да носам маска

0
82

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека нема да носи маска, и покрај препораките од сите стручњаци за заштита од коронавирусот. Смета дека носењето маска е доброволен чин.

„Мислам дека тоа не е задолжително, туку само оној кој сака. Јас лично нема да ја носам, не можам себе да се замислам со маска“, рече американскиот претседател.

Трамп е многу напаѓан во САД поради тоа што навреме не превзел мерки во битката против коронавирусот.