Трипуновски: Функционери на СДСМ ја рушат цената на зелката, ДИЗ да излезе на терен и да го контролира откупот!

0
129

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук пишува дека пратеникот на СДСМ од Василево ја руши цената на пролетната зелка.

-Во време кога сите се бориме против коронавирусот, предлагаме мерки и помагаме кај можеме и колку можеме. Пратеникот на СДСМ од Василево кој истовремено е и бизнисмен – откупувач на земјоделски производи, уште на почетокот на овој месец во договор со своите странски партнери ја руши цената на пролетната зелка. Пратеникот уште во време кога зелката била 20 денари, договара за недела дена, т.е. сега, да ја купува двојно поефтино.
Срамота. Ова е профитирање на грбот на земјоделецот во време на криза.
Фотографиите од разговорот кој се објавени во медиумите се доказ како работи СДСМ. Лицемерно.
СДСМ не работи за народот, туку за сопствениот џеб.
И додека едно договара тајно, јавно ги лаже земјоделците дека се бори за добра цена на зелката.
Го повикувам Државниот инспекторат за земјоделство да излезе на терен уште утре и да ја контролира работата на откупувачите. Земјоделците не смеат да страдаат за ничии профити.
Кризата ќе заврши. Земјоделците ќе останат. Не смееме да се донесеме во ситуација од оваа криза да излеземе со уништено земјоделство, стои во неговиот пост на Фејсбук.