ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС,15 НОВОЗАРАЗЕНИ

0
71

Тројца пациенти со коронавирусот починаа на клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие. Четириесет годишен маж од Кочани, кој немал никакви други заболувања и двајца Тетовчани на возраст од 69 и 65 години. Според здравствените власти, едниот пациент имал тумор на мозокот, додека пак другиот немал други заболувања. Уште петнаесет нови лица се дијагностицирани со КОВИД 19.

На инфективната клиника се лекуваат 70 пациенти, од кои 8 се на механичка вентилација додека пак 10 се со потешки симптоми на болеста. Четворица пак се излечени и ќе бидат пуштени од болница, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таквата е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори. Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход.“ – изјави Венко Филипче – министер за здравство.