Убиства и фикс-идеи за време на полициски час

0
86

Убиство со нож во Липково, во Скопје пресметки со ловечка пушка на веселба среде полициски час, а во Прилеп двајца наздравувале со алкохол на маса што ја поставиле буквално среде улица.

За едно деноноќие, од убиства до фикс-идеи влегоа во полицискиот билтен. Кулминираа тензиите меѓу граѓаните за време на првиот ден од викенд –карантинот. Само една недела по убиството со нож кај клинички, на ист начин до смрт е прободен жител на Липково. Малку фалело во трагедија да се претвори и семејна веселба во скопско Долно Соње. Двајца од гостите заминале, па со ловечка пушка се вратиле на веселбата. Откако пукале кон гостите, во битка како од филмска сцена домаќините се обиделе да им ја одземат пушката.

Драма за време на полициски час и во Прилеп. Блокирале пат со автомобил, па среде улица ствиле маса и почнале да пијат. Дружбата им ја прекинале тако и син, кои ги замолиле да го тргнат возилото за да поминат, но расположените другари одбиле да го сторат тоа. По обидот да пријават во полиција, им го зеле телефонот и понале со нож да трчаат по нив. Таткото и синот изеле котек, но успеале да им избегат на пијаните насилници. Во полицискиот билтен влегоа и напад на полициски службеник, запалено возило во Чаир, а освен 64-те приведувања за време на вториот ден од продолжениот полициски час, во полициска акција синоќа е уапсен жител на Грчец, баран со потерница.

За разлика од 84те лица кои синоќа го прекршиле полицискиот час, лицата во самоизолација биле дисиплинирани. Ниту едно не ја прекршило мерката, за која решенија добиле нови 31 граѓанин,а 43 ца сами потпшилаше изјава за самоизолација.