Уште 234 лица денеска го напуштаат државниот карантин

0
74

Државниот карантин денеска го напуштаат уште 234 лица, дознава Алсат. Со ова во државен карантин остануваат уште 1.653 лица.

Од почетокот на корона кризата со решенија од Државниот здравствен инспекторат во изолација беа сместени 4.288 лица.

Тренд на намалување имаме и кај бројот на граѓани кои се во самоизолација. До сега поради оваа владина мерка наметната поради заштитата на граѓаните од заразата , изјава за самоизолација вкупно потпишале 8.850 граѓани, Со оваа мерка веќе не се опфатени 6.591 лице. Во самоизолација остануваат само уште 2.259 лица.