Филипче : Вкупно 46 новозаболени , денеска се отвора постапката за набавка на респиратори (Во живо)

0
90

Вкупно 68 пациенти се сместени на Инфективната клиника , до кои седумминас е во критична состојба и се вклучени на респиратор . Четиримесечното бебе од Кочани е во добра состојба и нема потреба од вклучување на респиратор.

Министерот Филипче информира дека се направени 341 тестирање и регистрирани се 46 нови пациенти.

Затвореник во затворот во Шуто Оризари починал од срцев удар , немал симптоми на коронавирус , но посмртна , при обдукцијата бил направен тест и е утврдено дека бил позитивен. Сега се утврдува со кои лица тој бил во контакт.