Филипче: Досега никој од Владата не е тестиран за Ковид 19, не е поминато доволно време

0
80

Никој од владата уште не се тестирал за коронавирусот, откако отидоа во самоизолација премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за образование и здравство Арбер Адеми и Венко Филипче по посетата на Куманово.

Ден по посетата се утврди дека градоначалникот на овој град Максим Димитриевски е позитивен на коронавирусот. Претходниот ден на кризен штаб во градот беше половина влада, а за случајот постапува Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој за неколку дена ќе го заврши извештајот.

-Не, уште не се завршени тестирањата заради тоа што не е поминато доволно време, очекуваме седмиот или осмиот ден доколку имала евентуална инкубација да биде регистриран позитивен тест така да во смисла на тоа да се избегнат непотребни тестирања, ќе почекаме соодветна препорака да дадат епидемиолозите. Но досега не сме се тестирале, одговори на прашањето на Слободен печат министерот за здравство Венко Филипче.