Филипче: Завршена е постапката за набавка на 31 респираторна машина

0
90

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната редовна прес-конференција информираше дека има 42 оздравени пациенти со два негативни теста на КОВИД-19 кои се во општа добра состојба.

„Од Инфективната клиника заминаа 10 оздравени пациенти, а кај 32 пациенти – 12 во Дебар и 20 во Скопје кои се лекуваа во домашни услови направени се два контролни теста и тие се исто така негативни – што значи дека пациентите се целосно оздравени и се во општо добра состојба. Ова е нешто што навистина ме радува мене лично, здравствените работници директно вклучени во процесот на лекување посебно кога се справуваме со една високо ризична болест, непредвидлива во текот. Во таа смисла секој спасен живот е огромен успех, јас посакувам на секој којшто се соочува со вирусот брзо и лесно да ја надмине оваа состојба и да има лесен тек на болеста и секако добар исход“, потенцираше министерот Филипче.