Филипче: Ниту еден суд не бил во ризик да оди целосно во карантин

0
109

Ниту еден суд не бил во таков ризик да оди целосно во карантин, тврди во вечерашното интервју за Нова ТВ, министерот за здравство Венко Филипче, откако се појавија шпекулации во јавноста дека има заболени и во редовите на судиите кои потоа имале блиски контакти со свои колеги и на тој начин го довеле во прашање функционирањето на судскиот систем.

Тој ги демантира гласиштата дека, наводно, Судскиот совет, па и Врховниот суд треба да одат во целосен карантин, како и информациите дека такво нешто побарале самите тие.

„Правилата важат апсолутно за сите институции, секаде каде што е детектиран пациент епидемиолозите постапуваат според утврдениот протокол. Судовите исто како на пример болниците се места каде што циркулираат многу луѓе и во таа смисла има специфика во пристапот на епидемиолозите и идентификацијата на сите контакти кои би биле потенцијално доведени во корелација со некој кој би бил заразен. Се постапува на ист начин како во случајот со болниците, фабриките…“, вели Филипче.