Филипче: Носењето маски ќе стане дел од живот, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

0
70

Убавото време ги извади луѓето надвор, пред зградите и на игралиштата. И до мене стигаат фотографии од луѓе без маски, надвор каде што не може да се држи дистанца меѓу луѓето, но мора да кажам дека граѓаните ќе мора да се навикнат да ставаат прекривка преку носот и устатата и тоа ќе стане еден терк на однесување и понатаму.

Вака на денешната прес конфренција одговори министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето на НОВА какви се сознанијата за овие два дена, дали се почитуваат комбинираните мерки и дали му е познато дека на многу места пред зградите, парковите, деца и возрасни се собираат и не носат никаква заштита на носот и устата.

“Имам и јас вакви информации и фотографии, но граѓаните мора да знаат дека мерките мора да с е почитуваат, тоа е за нивното здравје и за здравјето на луѓето околу нив. Со текот на времето ќе се зголеми свеста, тоа ќе стане еден терк на однесување и мерките мора да дадат резултати. Инаку, има и други слики каде што граѓани стрпливо и со дистанца со маски на лице чекаат ред пред банки, маркети“, одговори министерот Филипче.