Филипче: Пристигнаа 12 респираторни машини и 5000 маски помош од ЕУ

0
93

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти, од кои двајца биле на болничко лекување.

-Еден пациент починал, а потврдени се 26 нови случаи- рече Филипче.

Вкупната бројка изнесува 1326 заболени лица во земјава.

-Денеска пристигнаа првите 12 респираторни машини, од вкупно 20 и 5000 заштитни маски помош од Европската Унија и ќе бидат расподелени по болниците.

Минстерот потенцираше дека било исклучително тешко да се набават респираторните машини, но се заблагодари на евроамбасадорот Жбогар за испорачаната помош.

„Веќе е во функција амбулантско терапевтскиот дел во Козле. Тие што беа позитивни поминаа асимптоматски и со лесна клиничка слика. Во однос на задолжително носење на заштитна опрема, има голем број асомптоматски носители и од таа причина донесовме таква одлука. Сметаме дека е неопходно за да се намали ширењето на заразата. Тоа се однесува на затворен простор, а на отворен кога не може да се одржи дистанца од два метри“ – истакна Филипче.