Филипче: Радува фактот што секојдневно имаме нови излекувани пациенти

0
82

Радува фактот што секојдневно имаме нови и нови излекувани пациенти. Денеска вкупно 18, од кои 13 на болничко и пет кои се лекуваа во домашни услови. Со ова бројот на излекувани пациенти во нашата земја е 139, изјави денеска министерот за здравтсво Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа, посочи дека, имаме 36 нови случаи и за жал тројца нови починати.

– Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 1117, односно 929 активни случаи. Во изминатите 24 часа направени се 437 теста и со тоа од почеток на епидемијата направени се вкупно 10.859 тестирања. Со оваа бројка сме на второ место во регионот по бројот на направени тестови на милиони жители, изјави Филипче.