Филипче се предомисли: „Не знаеме сигурно дали ќе се врати коронавирусот наесен“

0
102

Пред три дена министерот за здравство, Венко Филипче рече дека е сигурен оти наесен ќе има нов бран на коронавирус во земјата.

Но, по само три дена се премисли. Министерот Филипче, денеска рече дека не е сигурен, туку дека станува збор за претпоставка базирана на неколку факти што ги објасни:

И инфектологот Вело Марковски, пред неколку дена за ТВ21 рече дека станува збор за претпоставка, бидејќи никој не може да знае дали вирусот повторно ќе се врати.

Првиот човек на здравство, информираше дека се изготвени протоколи за постепено враќање на земјата во нормала и дека истите ќе бидат презентирани во текот на следната недела.

Инаку, проекција од универзитетот за технологија и развој во Сингапур за Македонија предвидува 97 остсто исчезнување на Ковид-19 на 13 мај, 99 отсто на 22 мај, а целосно коронавирусот во нашата земја ќе го снема на 16 јуни.

Извор 21Тв