(Фотогалерија)Слегувањето на Благодатниот оган во Ерусалим

0
80

Денес околу 12:50 часот слезе Благодатниот оган во Ерусалим во Кувуклијата – црквата на Светиот Господов гроб.

Церемонијата за прва пат се одвиваше без присуство на верници заради пандемијата на вирусот корона.

Но, затоа во живо беше пренесувана и споделувана на социјалните мрежи.

Вообичаено илјадници православни христијан се собираат во Црквата на Светиот гроб во Источен Ерусалим во очи православниот Велигден. Верниците се молат и ги палат свеќите од огнот кој на чудесен начин слегува во Кувуклијата.

Светиот оган ја симболизира чудесната светлина на Воскресението Христово, за што зборува уште апостол Павле и се смета за најголемата светиња за верниците.