Франција објави дека состојбата со ковид-19 се подобрува, но кризата е далеку од завршена

0
90

остојбата со коронавирусот во Франција се подобрува „бавно, но сигурно“, а проблемот со недостаток од заштитни средства како што се маски за лице се надминува, соопшти денеска францускиот премиер Едуард Филип предупредувајќи дека сепак, кризата е далеку од завршена.

Филип посочи дека еден од охрабрувачките сигнали кои доаѓаат е тоа што бројот на лица сместени на интензивна нега опаѓа, а со тоа се намалува притисокот врз болниците.

Тој ги предупреди Французите дека планираното олеснување на рестриктивните мерки од 11 март нема да значи дека луѓето веднаш ќе можат да се движат и да комуницираат како порано имајќи предвид дека светот е сè уште далеку од пронаоѓање на вакцина против ковид-19.

Последните статистички податоци за состојбата со коронавирусот во Франција покажуваат дека во последните 24 часа има 395 смртни случаи со што вкупната бројка достигна 19 718.