Франција објави план за ублажување на мерките , планира да ги отвори и средните училишта

0
163

Предлагаме многу постепено отворање на градинките и на основните училишта од 11 мај. Овој чекор ќе биде на доброволна основа. Во втората фаза, ќе размислиме за отворање на основните училишта за повисоките одделенија. За средните училишта ќе се решиме на почетокот на јуни”, рече францускиот премиер Едуард Филип.

Првата фаза на ублажување на 11 мај ќе биде проследена со втората фаза, која треба да трае од 11 мај до 2 јуни, рече Филип. Франција ќе одлучи да ги отвори кафулињата и рестораните на крајот на мај.

Премиерот истакна дека постојат три главни стратегии за борба против пандемијата: заштита, тестирање и изолација на случаи.

„Ние мора да продолжиме со претпазливост“, рече Филип, „мерките за ограничување се ефикасни и спречија дополнителни 62.000 смртни случаи во Франција“.

Премиерот денеска побара од парламентот да ја продолжи вонредната состојба до 23 јули, што и дозволува на владата да ги ограничи регулативите за слобода на движење, економска активност и собири.

Филип му претстави на парламентот план за олеснување на рестриктивните мерки, кои ќе се спроведуваат постепено и во различни делови на земјата.

Од 11 мај ќе се отворат градинките и основните училишта, а една недела потоа и средните училишта. Продавниците и маркетите ќе започнат со работа тогаш, но не и кафулињата и рестораните. Продавачите ќе можат да ги замолат клиентите да носат маски во нивните продавници.

Извор Канал5