Четири нови жртви во еден ден од коронавирус, пуштена во функција апликацијата „Стопкорона“!

0
109

Коронавирус однесе уште четири животи. Станува збор за 79-годишна пациентка од Скопје, 58-годишен пациент од Велес, потоа пациент на 67-годишна возраст од Прилеп и 63-годишен пациент од Скопје. Потврдени се и нови 26 позитивни случаи на вирусот.

Во изминатово деноноќие најмногу нови случаи има во Куманово – 11, со што бројот на заразени во оваа општина се искачи на 211. Во Македонија досега присуство на коронавирус е потврдено кај 854 лица.

Во меѓувреме од денеска е пуштена во употреба и апликацијата „СтопКорона“ која дава податоци за тоа со кого имале контакт потенцијално заразените лица. Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, рече дека апликацијата е достапна за сите мобилни телефони. Тој ги повика граѓаните што помасовно да ја инсталираат новата апликација.