ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО ПОД КЛУЧ, а градоначалникот во карантин

0
84

Од денеска па во следните 14 дена е администрацијата на општина Чешиново-Облешево ќе биде под клуч, откако нејзиниот градоначалник Горанчо Крстев синоќа обзнани дека е заразен со коронавирус. 19-те вработени од општината од завчера се дома, во 14-дневен карантин. Освен општинската зграда и нејзината околина, денеска се дезинфицираа и улиците во селото Облешево.

Откако дознал дека неговиот фризер, сега веќе починатиот 40 годишен кочанчанец е позитивен, веднаш со сопругата се тестирале. Првите тестови му беа негативни. Второто тестирање покажало дека и тој и сопругата се позитивни на КОРОНА ВИРУСОТ…