Чулев: Владата нема слух за моето мислење, не сум вклучен во дискусии

0
84
????????????????????????????????????

Bо неделното интервју за Радио Слободна Европа, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев зборува за предизвиците на МВР во време на ковид 19, за владините мерки и односот со функционерите од власта.

На прашањето, зошто на дел од прес-конференциите на министерот за здравство Венко Филипче, како претставник на МВР до него стои заменичка на Чулев, а не тој, вели дека тоа е така бидејќи Владата немала слух за неговите предлози и дека досега не го викнале на ниту една владина прес-конференција.

„Морам да кажам дека не секогаш наидувам и моите предлози до Владата, па и уредбите коишто ги предлагам не наидуваат на слух од страна на претседателот на Владата Оливер Спасовски и на другите министри, така што често ми се одбиваат предлози, а искрено не сум консултиран за одредени нивни предлози, уредби, за коишто тие вршат меѓусебни консултации“,

вели Чулев.

Тој појаснува дека ова не се однесува на МВР, туку на функционирање на Владата во целост како законодавно тело во време на вонредна состојба.

„Не во доменот на МВР, не, меѓутоа во она што значи како Влада, затоа што ние сега Владата во моментот има и законодавна улога, но и извршна улога и мислам дека сите тие треба да бидат меѓусебно дискутирани и споделувани. Не сум вклучен во тие дискусии, дури ни во одредени активности на Владата, јас пак ќе кажам во тие групи на социјални мрежи коишто ги имаат, а јас не сум вклучен, а досега ниту еднаш не сум викнат на прес-конференција којашто е организирана од страна на Владата“,

посочи Чулев.

Извор 360