Чулев: Ќе предложам да се укине и забраната за движење во шуми и паркови, но да се носат заштитни маски и препораката за дистанца

0
75

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното издание на „Топ тема“ рече дека очекува Владата да донесе одлука во насока на намалување на часовите на забраната за движење.Додека не се донесе одлука на Влада се е во насока на дискусии. Владата досега се водеше според предлозите на Комисијата за заразни болести и нејзините препораки.Како министер за внатрешни работи можам да кажам дека мерката е воведена на 21 март изминати се 30 дена од донесената мерка. Минатиот викенд беше најдолг во насока на ограничување на движењето на граѓаните и забележавме тензија, психолошка напнатост, нервоза кај граѓаните, но и совеста е на виско ниво, а дополнително дека нема драстично зголемување на бројот на заболените јас сум на стојалиште на утрешната седница на Влада да се релаксира ограничувањето на движењето од 19 до 05.Преиодот од 2 часа е мал, младите треба да излезат во природа на воздух, но ќе видиме што ќе биде прифатено. Ќе предложам да се укине и забраната за движење во шуми и паркови, но да се носат заштитни маски и препораката за дистанца, рече Чулев

Извор Република