Шестмина штипјани ќе платат по 500 евра казна за непочитување на полицискиот час

0
92

Основното јавно обвинителство од Штип предложи парични казни за шестмина штипјани кои не го почитувале полицискиот час. Тие ќе треба да платат по 500 евра.

-Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на шест лица да им изрече парични казни во износ од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност, велат од ОЈО.

Обвинетите во одделни случаи, се движеле пеш или со возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час.