Шилегов: Бројот на заразени во Скопје, во рамките на нормалното

0
90

Главниот град води по бројот на заразени со коронавирус во земјава. Скопје и сите општини достигнаа број од 183, со седум нови случаи во последните 24 часа. Првиот човек на град Скопје, Петре Шилегов вели дека бројката се смета како нормална, ако се има во предвид бројот на жители.

Кризниот штаб на Град Скопје засега нема да предложи дополнителни мерки за ограничување, туку ги следи наредбите на општиот кризен штаб.

Движењето на територијата на Скопје за време на полицискиот час е сведено речиси на нула, но во текот на денот се забележува движење на гр аѓани.

Извор АлсатМ