Шпанија на 27-ми Април ќе го укине карантинот за децата, најлошата фаза од пандемијата е завршена

0
97

Шпанските дечиња од 14-ти март беа принудени да седат во своите домови, заради острите мерки за карантин за спречување на ширењето на пандемијата Ковид – 19.

Премиерот Педро Санчез најави дека на 27-ми април овие строги правила ќе бидат ублажени со цел дечињата конечно да можат да уживаат во малку свеж воздух. Шпанија, каде има речиси 200 000 случаи од избувнувањето на пандемијата а починаа повеќе од 20 000 луѓе денеска го пријави најнискиот смртоносен биланс во последните 30 дена – 410 лица.

Санчез ги уверува своите граѓани дека државата ја надминала најбруталната фаза од пандемијата.

Затоа, од 27-ми април, владата на Шпанија ќе преземе мерки за олеснување на притвореноста, ако можам така да кажам, на нашите најмалечки за да можат да излезат и како последица, да уживаат во овие подобрувања кои ги гледаме преку бројките во еволуцијата на пандемијата.