Јанушев: Лекарите и медицинскиот персонал се хероите од нашето време, без нив борбата со коронавирусот ќе беше веќе загубена

0
95

Во моментите кога сме во нашите домови и кога се на сила мерките за превенција од коронавирусот медицинскиот персонал, лекарите, медицинските сестри и болничарите се хероите на нашето време. Без нив – борбата со коронавирусот ќе беше веќе загубена. Тоа се луѓе кои својот живот го ставаат во ризик за да го спасат нашиот.

Како земја мора да се издигнеме над секојдневното партиско препукување и да покажеме сериозност исто како што лекарите и сите здравствени работници со огромна посветеност се борат за животите на луѓето. Во таа битка можеме само да помогнеме.

За да помогнеме треба да ги признаеме недостатоците на нашиот систем. Медицинскиот персонал се соочува со недостаток на заштитна опрема. Лекарите и медицинските сестри немаат скафандери и во ек на пандемија со заразна болест се движат како во нормални услови… недостасуваат и визири, ракавици и заштитни маски. Лекарите и медицинскиот персонал се буквално голораки, а нивното здравје е ставено на коцка. Ова не прави ранливи како држава.

Република Македонија има ограничен капацитет на лекари и медицински персонал. Не смееме да дозволиме да продолжи трендот на заболени лекари. Не смееме да се доведеме во ситуација да нема кој да не лечи.

Извор 24инфо